Македонија

Почнува скијачката сезона на Попова Шапка

Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница

Од утре, недела 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денес од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки.

-Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште зеле сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка, соопшти техничкиот директор Станислав Бојчески.

Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

Најнови вести од: Македонија

Министерката Јаневска најави отворање Факултет за медицински сестри и акушерки во Битола!

Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за кој законот е подготвен од пратеници и од Министерството за образование и наука. Министерката за образование Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус. Отворањето на факултетот во Битола, каде што со долга традиција постои Високата стручна школа, ќе биде дел од втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026–2028“.

Лефков: СДС води поданичка политика, диктирана од Бугарија! – Дејствува синхронизирано со тамошни структури за темата на државјанствата!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во изјава за медиумите остро ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја за, како што рече, „синхронизирано дејствување со структури од Бугарија“ во врска со прашањето за државјанствата.

Експертите контра Европската комисија: Неточно е дека строгата регулација и забраните во ЕУ ја намалуваат стапката на пушење

Европската комисија го припишува падот на пушењето во ЕУ на строгите регулативи, додека експертите сметаат дека главниот придонес доаѓа од преминувањето на пушачите кон помалку штетни никотински алтернативи.

To top