Македонија

РСБСП: Внимателно и одговорно на патиштата на денешниот празник

Се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојниот верски празник Богојавление – Водици апелира до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи.

Од РСБСП информираат дека се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот.

„Поради зголемената фреквенција на возила и можните неповолни временски услови, потсетуваат на потребата од: почитување на сообраќајните правила и прописи, прилагодување на брзината на движење според состојбата на патиштата и временските услови, да не се управува со возило под дејство на алкохол или други психотропни супстанции, навремено информирање за состојбата на патиштата и временската прогноза пред и за време на патувањето, соодветна подготовка на возилата за патување на зимски услови и задолжително поседување на пропишана зимска опрема во возилата, зголемена внимателност кон пешаците, велосипедистите и другите ранливи групи на учесници во сообраќајот“, предупредуваат од .Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top