Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ- со стабилни изгледи

Силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност, велат од Министерството за финансии

Меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг на Македонија на нивото ББ– со стабилни изгледи, што Министерството за финансии го оценува како потврда за спроведувањето на економските политики.

„Потврдата на рејтингот претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди континуитет во водењето на економските политики, дури и во услови на зголемена глобална економска неизвесност.

Во извештајот, ‘Стандард и Пурс’ нотира дека економскиот раст забрзува, поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во рамки на големите инфраструктурни проекти, како и од растот на приходите на домаќинствата преку зголемување на платите и пензиите.
Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,5% во 2026 година, додека на среден рок растот ќе се стабилизира околу 3%, со постепено зголемување на улогата на приватните инвестиции и надворешната побарувачка.
Агенцијата ја нотира и определбата на Владата за забрзување на економскиот раст преку реализација на крупни инфраструктурни проекти
, како и заложбите за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на деловното опкружување, поефикасна наплата на јавните приходи и намалување на сивата економија.
Во извештајот се наведува дека политиките се насочени кон поддршка на домашната побарувачка, преку раст на платите и пензиите, како и продолжување на фискалната консолидација.
Со усвоениот Буџет за 2026 година како што е наведено 
 во извештајот се предвидува умерено намалување на буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 3,5% од БДП, при задржување на високо ниво на капитални инвестиции.
Приходите се очекува да растат побрзо од расходите, како резултат на подобрена наплата и солидна економска активност, додека расходната страна останува ориентирана кон капитални инвестиции во инфраструктурата, како и плати, пензии и социјални трансфери.
Агенцијата оценува дека фискалната консолидација е во тек, иако јавниот долг останува повисок во споредба со периодот пред пандемијата.
‘Стандард и Пурс’
во извештајот наведува дека надолните ризици поврзани со надворешното опкружување, особено економските движења во Европската унија, се во голема мера избалансирани со отпорноста на домашната економија, стабилноста на финансискиот систем и претпазливиот пристап на монетарната политика.
Агенцијата во извештајот исто така нотира дека понатамошниот напредок во спроведувањето на институционалните и структурните реформи, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, може дополнително да ја зајакне економската и фискалната позиција на земјата и да придонесе за подобрување на кредитниот профил.
Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати годишно од страна на ‘Стандард и Пурс’, како и од агенцијата ‘Фич’. Тој претставува клучен индикатор за инвеститорите при носењето одлуки за инвестирање, а го покажува степенот на ризик од инвестирање“, стои во соопштението на Министерството за финансии.

 

Најнови вести од: Бизнис

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји.

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

To top