Македонија

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска која е член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа вечерва објави дека е затворен пост-мониторинг дијалогот со Македонија.

,,Одлична вест за Македонија!
Почитувани сограѓани, Ви се обраќам од срцето на демократијата, од местото каде заштитата на човековите права и слободи, поттикнувањето на демократските вредности и дијалогот помеѓу нациите се на пиедесталот на вредностите на современата цивилизација.
Голем поздрав од Советот на Европа во Стразбур.
Со огромно задоволство ја имам честа да ви соопштам многу важна вест. На попладневното заседание на зимската пленарна сесија, вечерва, ја изгласавме Резолуцијата за затворање на пост-мониторинг дијалогот за нашата држава. Ова е голем успех за Македонија, успех кој го следи 25 години напорна работа и истрајност на патот кон развиените демократски вредности, владеењето на правото и човековите права!
Текстот на Резолуцијата во име на Мониторинг комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од политичката група на Социјалистите и Џозеф О’Рајли од Ирска од Европските народни партии.
Со овој чин, Парламентарното собрание на Советот на Европа го признава одржливиот напредок на македонската држава во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со телата на Советот на Европа и истовремено ја признава политичката посветеност на властите за исполнување на обврските преземени при отворањето на пост-мониторинг дијалогот во 2000 година. Имајќи го сето ова во предвид, пратениците на Парламентарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.
Сакам да истакнам дека значењето на мониторинг процесот е нагласен и во односите меѓу Советот на Европа и Европската Унија. Постои координиран пристап во мониторинг механизмите на Советот на Европа, односно Парламентарното собрание со ЕУ и другите меѓународни организации. Поради оваа блиска соработка, консултација и координација на активностите во рамките на проширувањето на ЕУ, исполнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се сметаат за битен елемент за унапредување, забрзување и остварување на аспирациите за натамошно евроинтегрирање на одредена држава.
Од таа причина, затворањето на ова поглавје претставува чин на највисока потврда за исполнувањето на обврските за одржување на највисоките демократски стандарди и стандардите за човековите права во Република Македонија.
Дозволете ми да споменам дека во овој процес во текот на изминатите 25 години учествуваа сите политички фактори, а во последната година и половина од формирањето на новата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски значаен е придонесот и на моите колеги Марија Петрушевска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Беким Ќоку, како и на амбасадорката на постојаната мисија при Советот на Европа, Н.Е. г-ѓа Светлана Гелева.
Верувам дека со затворањето на пост-мониторинг процесот, овој постигнат напредок ќе има позитивно влијание и врз нашите евроинтеграции”, објави Иванка Василевска.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

По совет на Лаен Мицкоски побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната седмица во Софија

Премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, одговарајќи на новинарско прашање како таа го прифатила неговиот предлог ЕУ да се вклучи во разговорите на Македонија со Бугарија, рече дека го советувала како прв чекор да се побара официјална билатерална средба за време на посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Софија следната седмица.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

To top