Македонија Бизнис

Трамп ги одложи царините до 1 август

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август. Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува утре. Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25% за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, […]

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август.

Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува утре.

Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25% за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор.

Во писмата се наведува дека сите царини што ги воведуваат други земји ќе бидат додадени на веќе постоечката американска царина од 25%.

„Ако од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, тогаш без оглед на износот што ќе одлучите да го зголемите, тоа ќе биде додадено на 25-те проценти што ги наплаќаме“, напиша Трамп во писмата до Јапонија и Јужна Кореја објавени на неговата платформа Truth Social.

Тој објави 14 писма со повисоки царини и тоа: од 40% за Мјанмар и Лаос, 36% за Камбоџа и Тајланд, 35% за Бангладеш и Србија, 32% за Индонезија, 30% за Босна и Херцеговина и Јужноафриканска Република и по 25% за Тунис, Малезија и Казахстан.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

To top