Македонија

Тошковски: Пред падот од балкон интервенирала полиција, но жртвата негирала дека била тепана(ВИДЕО)

Трагедијата во скопската населба Карпош, каде животот го загубија жена и нејзиното малолетно дете по пад од балкон на висококатница, предизвика голем шок во јавноста. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска даде детали за случајот и за постапките на полицијата.

Трагедијата во скопската населба Карпош, каде животот го загубија жена и нејзиното малолетно дете по пад од балкон на висококатница, предизвика голем шок во јавноста. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска даде детали за случајот и за постапките на полицијата.

Пријавата за настанот била поднесена од случаен минувач на улицата „Теодосиј Гологанов“ (Митрополит Теодосиј Гологанов), во близина на станбениот комплекс „Алумина“. Веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Карпош и екипа на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт на двете лица на лице место. Извршен е увид од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, телата се предадени на обдукција, а од местото на настанот се подигнати материјални траги и мобилен телефон.

Министерот истакна дека настанот имал претходница истиот ден. На 2 март во 12:05 часот била примена пријава за расправија меѓу сопружниците. Полициските службеници пристигнале на адресата во 12:19 часот и извршиле разговор со жената.

Таа изјавила дека немало физички контакт со сопругот, дека се работи за недоразбирање и дека не бара никаква постапка или интервенција. Навела дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и потпишала службена белешка.

По оваа интервенција, жената се упатила кон станот на „Теодосиј Гологанов“, каде подоцна се случил трагичниот исход. Тошковски нагласи дека сите околности се детално документираат и дека истрагата продолжува.

По усна наредба на јавен обвинител, уапсен е сопругот, Стојанче Јовановски, поради сомневање за сторено кривично дело. Според министерот, против него во изминатите две години имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. Во еден од случаите кај него биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и поднесена кривична пријава. По барање на обвинител му биле изречени мерки на претпазливост – обврска за јавување во суд.

Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки секој пат, но оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за целосно расчистување на случајот, вклучително обдукција, претрес на станот (кој е запечатен) и дополнителни испитувања. Истрагата треба да утврди точните околности околу падот од балконот на шести кат.

Оваа трагедија повторно ги отвора прашањата за семејното насилство, навремената заштита и постапките во случаи на домашни конфликти.

 

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

Тошковски: Стојанче Јовановски, сопругот на починатата, која се фрли со ќерката од зградата, имал обемно криминално досие

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западниот Балкан

„Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на македонската држава.

„Самсунг“(„Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

Надоврзувајќи се на моментумот од Galaxy Unpacked настанот, „Самсунг“ („Samsung“) ја претставува серијата Galaxy S26 и својата визија за агентска вештачка интелигенција, со подлабоки еко-системски искуства низ Galaxy S серијата и уредите за носење

To top