Македонија

Добитник од Кавадарци освои 78.5 милиони денари

Неверојатната комбинација 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11 ја донесе втората највисока премија во историјата на „Македонска лотарија“

Симоќа, во 18-тото коло беше извлечена главната премија – „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.

Фактот што највисокиот извлечен број е само 11, во игра каде што опсегот на броеви се движи до 37, е екстремно редок феномен во веројатносните теории.

Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации, при што секоја ќе добие по 31.707 денари.

Според податоците, ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, со вредност од околу 1,273 милиони евра.

Најголемата премија досега, од околу 1,7 милиони евра, беше исплатена во август 2024 година, кога добитното ливче беше продадено во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Конгресот врши притисок врз Трамп: Резолуција за спречување на продолжена војна со Иран

Најголемото значење на гласањето е што за првпат значителен број републиканци јавно се спротивставија на продолжување на конфликтот, што е сигнал дека дури и во неговата партија претседателот Трамп нема неограничена поддршка за натамошна ескалација со Иран.

Тошковски: Миграцијата бара заеднички решенија

Македонија низ годините научи дека ефикасното управување со миграцијата бара континуирано инвестирање во човечки ресурси, модернизација на граничната инфраструктура и тесна соработка со соседните земји и европските агенции“, нагласи министерот за внатрешни работи

To top