Македонија

Илјадници македонски граѓани со нова надеж дека ќе дочекаат бебешки плач и смеа во својот дом (ВИДЕО)

Реформа што враќа надеж, реформа што буквално раѓа живот

Изјава на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на тема со која илјадници македонски граѓани ја зголемија надежта дека ќе имаат потомство:

 

 

Правиме чекор напред кон достоинствен пристап до ин-витро оплодување. Чекор кон здравство што не исклучува, здравство посветено на секој еден.

Со измените на законот за здравствено осигурување, храбро се исправаме пред еден длабоко личен, често тивок, но болен проблем. – Неплодноста. Зборуваме за надеж. За живот. За семејство.

 

Од сега, до шест обиди за ин витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства.

Законските измени, предложени од страна на парламентарното мнозинство, отвораат ново поглавје за илјадници граѓани кои со години се борат со неплодноста.

 

Претходно, само првите три обиди за ин витро беа покривани од државата. Но реалноста покажува дека често се потребни повеќе. Медицината не е универзална формула – таа е индивидуален пат. И ние како држава мораме да го препознаеме тоа.

 

Проширување на бројот на обиди за ин витро од 3 на 6, покриени од Фондот.

Вклучување на различни типови на БПО процедури, вклучително и:

– со сопствени (автологни) репродуктивни клетки,

– со донорски (алогенеични) ембриони, јајце-клетки или сперма.

Се воведува и поедноставена електронска процедура за поднесување барања.

Подобрен административен и професионален надзор – со скратување на времето за одлучување од страна на Фондот и јасна жалбена постапка.

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно финансирање, наместо катастрофални трошоци за граѓаните, и ја симнуваме стигмата од оваа тема.

 

Ова е реформа што враќа надеж. Ова е реформа што раѓа живот.  Како пратеник, горда сум што стојам зад ваква политика. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вакви храбри чекори.

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува дека се работи веројатно за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје. До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на Денион Мејдани во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

To top