Македонија

Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп денеска го лансира IQOS ILUMA i во Македонија

• Уредот IQOS ILUMA i е најновото и најиновативнодополнување на портфолиото на производи без согорување на Филип Морис Интернешнл. • Со новиот уред, компанијата има за цел да го забрза остварувањето на иднина без чад, елиминирајќи ги цигарите што е можно побрзо. • Најнапредниот IQOS досега е интерактивен, иновативен и персонализиран за подобрување на корисничкото […]

• Уредот IQOS ILUMA i е најновото и најиновативнодополнување на портфолиото на производи без согорување на Филип Морис Интернешнл.

• Со новиот уред, компанијата има за цел да го забрза остварувањето на иднина без чад, елиминирајќи ги цигарите што е можно побрзо.

Најнапредниот IQOS досега е интерактивен, иновативен и персонализиран за подобрување на корисничкото искуство.

Скопје, Северна Македонија (9 јули 2025 година) – Филип Морис Тутунски комбинат Прилип (ФМТКП) гордо го најавува лансирањето на IQOS ILUMA i во Северна Македонија – најновиот и најнапредниот уред во своето растечко портфолио на производи без чад, дизајниран исклучиво за полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да користат цигари. Почнувајќи од денеска, возрасните корисници на никотин во Северна Македонија можат да купат IQOS ILUMA i и да ја искусат следната генерација на технологија за греење тутун.

Како дел од глобалната визија на Филип Морис за иднина без чад, IQOS ILUMA i се темели на повеќе од една деценија научни истражувања и развој, нудејќи иновативни алтернативи на цигарите преку индуктивно греење без сечила и подобрена персонализација.

„Повеќе од една деценија, неуморно работиме на развој и проценка на производи без чад за да им обезбедиме на возрасните кои пушат подобри алтернативи, базирани на науката и технологијата. Корисниците ни возвратија со разбирање, прифаќање и доверба. Бројот на корисници што го направиле овој подобар избор постојано расте и затоа IQOS е бренд број еден за греење тутун. Денес, го носиме IQOS на нови височини со лансирањето на IQOS ILUMA i, нудејќи низа напредни функции за чисто, беспрекорно и пофлексибилно искуство“, рече Иван Костик, генерален директор на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

Три нови уреди, секој од нив без чад

Линијата на IQOS ILUMA i вклучува три модели: IQOS ILUMA i PRIME, IQOS ILUMA i и IQOS ILUMA i ONE.

Сите уреди се опремени со револуционерниот SMARTCORE INDUCTION SYSTEM™ на Филип Морис Интернешнл, кој овозможува греење без сечила за почисто и попријатно искуство. Со различни елегантни дизајни, овие уреди ги задоволуваат различните преференции на возрасните корисници.

Напредни функции за персонализирана употреба

Екран на допир: Новиот екран на допир на држачот овозможува брз пристап до информациите за употреба.

Режим на пауза: Корисниците можат да ја паузираат и продолжат својата сесија со едноставно лизгање, нудејќи поголема флексибилност.

FlexBattery: Прилагодлив преку апликацијата IQOS, корисниците можат да го изберат режимот на перформанси за до три последователни употреби.

Намалена изложеност: Уредите IQOS испуштаат во просек 95% пониски нивоа на штетни хемикалии во споредба со цигарите.

Возрасните пушачи кои бараат повеќе информации за подобри алтернативи на континуирано пушење, можат да јапосетат страницата: https://www.iqos.com.

Најнови вести од: Македонија

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепини“! – Мајката го донела во штипската болница во тешка здравствена состојба!

Тригодишно дете од Штип вчера е примено во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија. По извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиазепини“, соопштија од СВР-Штип.

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата, инвестициски циклус од неколку милијарди евра

Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Најнови вести

To top