Македонија Бизнис

Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посетата на Кавадарци. Вели дека има рекордна цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти […]

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посетата на Кавадарци.

Вели дека има рекордна цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка.

„Вранецот ќе изнесува 21,3 денари по килограм, Смедеревката ќе изнесува 18,9 денари по килограм“, посочи министерот.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски додаде и дека е постигнат рекорд во делот на лозаропроизводството.

„Како Влада покажуваме дека сме различни во пристапот, во вреднување и ценење на трудот на македонскиот земјоделец. Во наредните години ќе биде уште подобро“, појасни тој.

Министерот Трипуновски истакна дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.

Тој потсети дека минатата година бил намален приносот на грозјето поради лошото менаџирање со водата.

„Во делот на Водостопанството дававме максимални напори да ја покриеме целата површина, со одредени помали застои кои што се јавија поради технички проблеми. Успешно го менаџираме процесот на наводнување и поради тоа очекуваме зголемен принос оваа година“, заклучил министерот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

To top