Македонија

Денеска се очекува ново поевтинување на горивата

Во сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за три денари

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави намалување на цените на горивата од денеска, посочувајќи дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина.

Тој нагласи дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за три денари, оценувајќи дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

„Очигледно е дека мерките на Владата придонесоа да сме трета земја во Европа според обемот на мерки кои се имплементирани за да се амортизира енергетската криза и да бидеме држава со најниска цена на горива.

Ова го кажува Меѓународниот монетарен фонд“, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека Владата навремено реагирала на енергетските предизвици и дека мерките се приспособуваат на глобалните движења на цените преку инструментите како ДДВ и акцизите.

Воедно, тој ја обвини опозициската СДСМ дека ширела невистини во јавноста.

„СДСМ лажеше за мигранти, лажеше дека ќе сме банкротирале, лажеше дека нема да има за пензии, па така излажа и за мерките кои ги применивме. Подготвени ја пречекавме енергетската криза која зависи од геополитичките случувања. Според Меѓународниот монетарен фонд ние сме на третото место во Европа“, изјави Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top