Македонија

Газдата на дискотеката „Пулс“ бара домашен притвор

Дејан Јованов бил донесен во судницата со отворена рана по неодамнешен оперативен зафат, што, дополнително ја влошува неговата здравствена состојба

Одбраната на Дејан Јованов – Деко побара притворот да му биде заменет со куќен притвор, повикувајќи се на сериозно влошената здравствена состојба на обвинетиот.

Неговата бранителка, адвокатката Ивана Коцевска, изјави дека мерката притвор не ја исполнува својата законска цел, туку во овој случај функционира како казна пред донесување пресуда.

Таа нагласи дека лекувањето во затворски услови е несоодветно и може да предизвика сериозни здравствени последици, особено имајќи ја предвид состојбата на обвинетиот.

Според Коцевска, Јованов бил донесен во судницата со отворена рана по неодамнешен оперативен зафат, што, како што рече, дополнително ја влошува неговата здравствена состојба.

Воедно, таа оцени дека ваквиот третман ги надминува границите на хуманост и побара судот да донесе одлука за замена на притворот со поблага мерка.

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

To top