Хроника

Уапсен скопјанецот Д.Л. (39), му пронашле дома поголемо количество оружје, муниција и дрога!

На подрачјето на Кисела Вода во Скопје е лишено од слобода едно лице, по претрес во кој се пронајдени поголемо количество оружје и муниција.

Според соопштение од МВР, на 22 април 2026 година во 19:30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Л. (39) од Скопје. 
Во соопштението се наведува дека при претрес во неговиот дом, со судска наредба, биле пронајдени и одземени 165 куршуми, 56 ловни патрони, каписли, олово во зрно, барут, разновиден алат за полнење муниција, како и една кутија со кугли за патрони, а биле пронајдени и кеса со бела грутчеста материја и кеса со прашкаста материја.

Дополнително, како што стои во соопштението, од викенд куќа во село Морани, скопско, Д.Л. доброволно предал два ловни карабини, 58 ловни патрони и дополнителна муниција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ согласно со Кривичниот законик.

Најнови вести од: Хроника

Ученици од Угостителското училиште мавале со камења по слоницата во Зоолошката градина во Скопје, а професорите на пиење кафе!

„Не сакам да генерализирам – не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни, но вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е игра“ – сподели зоонегувателот во својата објава.

To top