Македонија

(Фото): Македонија пак гори, активни неколку пожари – се гаси и од земја и од небо

И додека гори низ Македонија, за некој ден завршува јавниот оглас за прием на 400 нови пожарникари – документите треба да се поднесат во локалниот центар за вработување, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. За територијата на Град Скопје се бараат 80 пожарникари.

Пет од вкупно девет регистрирани пожари на отворен простор во Македонија сè уште се активни, соопштија директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Аљи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Активни се пожарите кај селото Николич во општина Дојран, кај селото Крушје во општина Велес, во Македонски Брод меѓу селата Црешево, Локвица, Карпа и Слатина, кај селото Раштак во општина Гази Баба и во општина Сарај.

Во гаснењето се вклучени двата Ер трактори на ДЗС, локални противпожарни единици и 30 припадници на Армијата кај Велес. Во Дојран интервенира и доброволното противпожарно друштво, а во Македонски Брод учествуваат екипи од ЈП Македонија пат.

  • Повеќето пожари се на тешко пристапни терени каде што има деградирана и нискостеблеста шума, трње, но еден од нив зафатил и делумно квалитетна шума кај село Крапа – изјави Стојанче Ангелов.

Според него, еколошката штета е присутна, но сепак значително помала од лани. ДЗС уверува дека нема директна закана по населени места, викенд куќи или имоти. Пожарот кај село Николич, кој се движи кон Валандово, според Ангелов, до крајот на денот ќе биде ставен под контрола.

  • Таму веќе дејствуваат авионите на ДЗС, пожарникари од Валандово, Гевгелија и Струмица, како и екипи на Национални шуми кои ја координираат акцијата – изјави тој.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски до СДСМ: Ако вие се повлечете, друг ќе дојде на ваше место

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Дали […]

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат, вели екс претседателот

To top