Бизнис

Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка се реализира со силна динамика

Паралелно со ова веќе се објави и јавниот повик за Надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoр 8 се реализира со засилена динамика, објави на својот фејсбук профил директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и објави видео од изградбата.

„Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34км. Прогрес 35%. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности“, вели Ивановски.

Паралелно со ова веќе се објави и јавниот повик за Надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, а следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на Изведувач исто така за делницата Крива Паланка-до границата со Бугарија.

Со ова Владата ја покажува јасната стратегија за изградба на железничкиот Коридор 8 како стратешко економски и безбедносен коридор со посебно значење за Македонија и регионот, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Банкарскиот систем е стабилен, но надворешни ризици постојат, велат од Народна банка

Како значаен стратегиски исчекор во текот на годината се издвојува приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како и започнувањето на подготовките за воведување инстант плаќања, со што дополнително се унапредува платежната инфраструктура и се зајакнува финансиската интеграција со Европската Унија.

ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија

Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се одржи третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Генерација со визија – Професија со иднина“

Доновска-Гечева: Народна банка активно развива модерен и сигурен платен систем

Законот за платежни услуги и платни системи овозможи влез и на нови даватели на платежни услуги и придонесе за поголема конкуренција и иновации на пазарот. Исто така, посочи дека со намалувањето на провизиите за користење на дигиталните канали за плаќање од страна на банките, како одговор на активностите на Народната банка за ревидирање на надоместоците, уште повеќе се поттикнува користењето на електронските услуги од страна на граѓаните во 2025 година.

(Видео): ИПАРД парите повторно достапни за македонските земјоделци

Средствата од програмата ИПАРД се повторно достапни – објави денеска на вонредна прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски откако во ноември лани Министерството за финансии времено ги стопира исплатите по корупцискиот скандал поврзан со распределба на ИПАРД средствата, во кој беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка.

(Фото): Милиони се во игра – Кои компании ги направија најголемите добивки во Македонија за 2025?!

На врвот од листата на Топ-50 добивки доминираат банките, телеком операторите, друштва од фармацијата како Алкалоид и Мега Витал (Зегин) , од електро енергетиката, трговијата со горива, но и од секторот за градежни материјали како Усје Титан, ИГМ Трејд, Кнауф Радика, Конти Хидропласт.

(Фото): Македонците потрошиле милиониска сума за онлајн купување во странство

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152.2 евра, иако помалку од лани за 2.1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14.1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од скоро 70% која минатата година беше највисока и изнесуваше 214.2 евра.

(Фото): Очекуваме продлабочување на кризата, ако треба ќе побараме таргетирани мерки, вели Азески

Покрај лошата состојба на Блискиот Исток, и војната во Украина која се уште не е завршена, има влијание врз работата на компаниите, особено ако се земе предвид дека 70 отсто од нив се ориентирани кон европските пазари, алармира стопанството.

To top