Македонија

СДС немаат кандидат за Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат, вели Манасиевски

Во СДС владее вистинска паника затоа што немаат кандидат за градоначалник на градот Скопје, а немаат затоа што кој и да биде ќе изгуби уште во првиот круг

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:

„СДС се очајни, немаат кандидат за Град Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат.

Во СДС владее вистинска паника затоа што немаат кандидат за градоначалник на градот Скопје, а немаат затоа што кој и да биде ќе изгуби уште во првиот круг.

Во СДС знаат дека поразот во октомври ќе им биде најголем досега, и ќе имаат најмалку освоени гласови во Скопје во историјата.

Сите анкети кои ги имаат и тие самите укажуваат на пораз за СДС во однос 5:1.

СДС и Венко Филипче ги очекува огромен дебакал. И тие немаат како да избегаат од тоа.

Скопје го знае СДС по неработа, мрзеливост и криминал. Со СДС градот стагнира, и затоа е толку очајно мал рејтингот на СДС во Скопје, а исто толку е очаен и рејтингот на било кој нивен кандидат за градоначалник.

Битката и маката на Венко Филипче е кого ќе успее да убеди да биде носител на поразот.“

Најнови вести од: Македонија

Запленети 35.000 австралиски долари на аеродромот во Скопје

Иако патниците носеле поголема сума на девизи, тие наместо да се упатат на црвениот канал за пријавување, поминале низ зелениот канал, наменет за патници без ништо за пријавување. По селекција биле издвоени за детална контрола, при што биле откриени непријавените девизни средства

To top