Македонија

Времето како најголем луксуз

Има еден момент во денот кога сфаќаш колку всушност вреди времето.

Има еден момент во денот кога сфаќаш колку всушност вреди времето. Не кога брзаш, туку кога конечно ќе застанеш – и ќе видиш колку од денот си потрошил на нешта што воопшто не ти значат.

Редови, формулари, чекање -дел од секојдневието што често го прифаќаме како неизбежно.

Но токму тука, малите промени можат да направат голема разлика. Работи како дигиталната регистрација на MTEL не звучат спектакуларно на прв поглед, но ти враќаат нешто што ретко го добиваме назад – време.

Наместо да планираш кога ќе стигнеш до шалтер, едноставно отвораш лаптоп или телефон и завршуваш сè за неколку минути. Без притисок. Без пауза во денот. Без она чувство дека си „заглавен“ во обврска.

И токму тоа е новиот луксуз.

Не е само брзината. Туку чувството дека денот е повторно твој. Дека имаш простор да го искористиш како што сакаш – за кафе на раат, за разговор што не го брзаш, за моменти што не се мерат во рокови.

Технологијата, кога е направена како што треба, не ти го комплицира животот. Напротив – го трга сето непотребно од патот.

И можеби најубавото во целата приказна е тоа што дури и не го забележуваш процесот. Само резултатот: повеќе време за тебе.

На крајот, прашањето не е колку обврски сме завршиле во текот на денот, туку колку од денот ќе остане за работите што навистина значат.

Најнови вести од: Македонија

„Спортуваме заедно“: Инклузивен спортски настан во Скопје

Во организација на Специјална Олимпијада Северна Македонија, во СРЦ МТП Скопје се одржа инклузивниот спортски настан „Спортуваме заедно“,со цел промоција на Unified спортот и инклузивните спортски практики.

И претедателката со личен пример за почиста средина

Особена чест ми е што денес сме заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, со госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамер Хоџа, како и заменичката Ане Лашкоска, напиша Ѓорѓиевски на на социјалните мрежи

To top