Бизнис

Добро внимавајте кога купувате Милка чоколади, може да бидете измамени

Популарната чоколада опасно манипулира со муштериите

Milka ги довела потрошувачите во заблуда, пресудил покраинскиот суд во Бремен кој смета дека производителот на Milka ги заблудил потрошувачите со намалување на тежината на чоколадото Alpenmilch од 100 на 90 грама, додека пакувањето останало практично непроменето.

Пресудата дојде три недели по постапката што ја покрена канцеларијата за заштита на потрошувачите во Хамбург VZHH против Mondelēz. Судот заклучи дека проблемот не е само во тоа што пакувањето е исто, туку дека вистинската содржина е неконзистентна со визуелните очекувања што производот ги создал за клиентите во текот на годините.

Чоколадото Alpenmilch на Milka претходно тежело 100 грама, но потоа било намалено на 90 грама. Виолетовата амбалажа не била видливо променета, додека новото чоколадо било само за милиметар потенко. На почетокот на 2025 година, цената се зголемила од 1,49 на 1,99 евра.

Судот рече дека е потребно јасно, разбирливо и лесно видливо предупредување на пакувањето за да се елиминира измамата.

Пресудата сè уште не е конечна, а компанијата има еден месец да поднесе жалба. Од Mondelēz за BBC изјабија: „Ја сфаќаме одлуката на судот сериозно“ и дека сега ќе ја разгледа детално.

Компанијата тврди дека ги информирала германските потрошувачи за промената преку својата веб-страница и социјалните медиуми и дека зголемените трошоци во синџирот на снабдување довеле до одлуката да се намали тежината на повеќе чоколади Milka. Сепак, германските потрошувачи минатата година го избраа Mondelēz за „најбезобразно пакување во 2025 година“.

Случајот со Milka не е единствен. Во Германија, Ritter Sport исто така се соочи со критики за слична практика, намалувајќи ја тежината на некои производи од 100 на 75 грама, додека големината на производот ја задржа речиси иста. Притисокот врз производителите е дополнително зголемен со зголемувањето на цените на какаото по послабите жетви во Западна Африка, додека британски Which? соопшти дека цените на чоколадото се зголемиле за 14,6 проценти на годишно ниво до август 2025 година.

Најнови вести од: Бизнис

Засилени контроли во маркетите, ако има раст на маржите ќе се преземат мерки

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сега нема девијантно однесување од трговците со зголемување на маржите, а цените на храната растат, бидејќи производите ги увезуваме. И покрај тоа што по 1 мај требаше да бидат донесени мерки за спречување на растот на цените на прехранбените производи, тоа сè уште е во потготовка. Барем за сега, состојбата е стабилизирана.

Државата со 185.000 евра ќе ги стимулира занаетчиите, малите и средните претпријатија

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека целта на поддршката е да им се помогне на домашните компании да го модернизираат производството и да ја зголемат продуктивноста, создавајќи истовремено и подобри услови за работа.

Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата

Управата за јавни приходи најавува засилено теренско присуство со зголемен број на контролори на територијата на целата држава. УЈП веќе постапува согласно нова методологија на контроли, што вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници.

(Фото): Поврзани системи – побрзи и поевтини прекугранични плаќања

Македонија како мала и отворена економија којашто е тесно поврзана со еврозоната, нашата земја внимателно ги анализира можните ефекти од воведувањето на дигиталното евро врз домашниот финансиски систем. Во тој контекст, Народната банка веќе ги разгледува можностите и потенцијалните ефекти од евентуално воведување дигитален денар, особено во делот на модернизацијата на плаќањата, финансиската вклученост и ефикасноста на монетарната политика.

Летните патувања поскапуваат – лоши вести за патниците околу новата цена на авионските билети

Иако некои аналитичари и претставници од туристичката индустрија, како што е директорот на TUI, Себастијан Ебел, не очекуваат поголеми нарушувања во наредните месеци, патниците треба да се подготват за промена на ценовниците пред почетокот на шпицот на летната сезона.

Кои економии растат најбрзо во 2026 – при врвот соседот на Македонија

Некои економии од Централна и Источна Европа сè уште ги чекаат своите објавувања за првиот квартал, вклучувајќи ги Полска и Хрватска, кои двете забележаа силен раст во четвртиот квартал. ING очекува полскиот БДП да порасне од 3,6% до 3,8% на годишно ниво во првиот квартал од 2026 година, со прогноза за раст од 3,7% за целата година, што е далеку над траекторијата на еврозоната. Засега, мапата на европскиот раст во 2026 година се прецртува околу јужната и источната периферија, наместо околу традиционалното индустриско срце на блокот. 

Економските политики внимателно да го следат развојот на енергетските пазари, велат експертите

Инвестициите, особено инфраструктурните, придонесуваат за економски раст, но потребни се и подлабоки структурни реформи, сметаат економистите. Компаниите исто така мора да се модернизираат и да ја зголемат својата конкурентност.

(Фото): „Реплек“ и Економскиот факултет со дебата за иднината на бизнисот

Како компаниите создаваат конкурентска предност во време на брзи технолошки и пазарни промени, каква улога имаат иновациите, организациската култура и корпоративното претприемништво во процесот на трансформација, како и колку е важна соработката помеѓу бизнисот и академската заедница – беа главните теми на конференцијата „Што ги движи иновативните компании?“, на која од бизнис, истражувачка и академска перспектива се разговараше за корпоративното претприемништво во услови на пазарна трансформација.

To top