Македонија

Бугарската културно-уметничка инсталација Жерновски сака да биде лидер на СДСМ – реагира владејачката партија

Жерновски, внукот на бугарскиот кмет Жерноф, во духот на семејната историја се јави – по којзнае кој пат одработува, јавно и сервилно, за истата таа агенда која сака да го избрише ВМРО од историјата

Се здружија сите домашни предавници, штом Бугарија доживеа тежок пораз во АФЕТ (Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на обидот на лидерот на Левица Димитар Апасиев со закон да се забрани употребата на името ВМРО, како и на обвинувањето од Андреј Жерновски од СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски побарал бугарски пасош.

„Од плакарот на тајните служби прво го извадија Апасиев. Не им успеа! Па следуваше новата наредба од темните ходници во Софија: Жерновски да биде полигонот преку кој ќе ја започнат новата тура на лаги против премиерот и Македонија. Жерновски, внукот на бугарскиот кмет Жерноф, во духот на семејната историја се јави – по којзнае кој пат одработува, јавно и сервилно, за истата таа агенда која сака да го избрише ВМРО од историјата, да го релативизира македонскиот идентитет, и да ја направи Македонија заложник на туѓи интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Но, нема да им успее, се додава во соопштението, македонскиот народ знае кој се бори за него, а кој тргува со туѓи агенди.

„А каква само трагедија е тоа што повторно го потценуваат народот. Тие што ја предадоа и ја продадоа државата, сега, со истиот тој ѓон од образ со кој нè понижија, се осмелуваат да зборуваат за пасоши против оној кој денес со сите сили се обидува да го заштити она што тие го уништија“, се вели во соопштението.

Воедно, ја користиме оваа прилика да ја информираме јавноста дека бугарската културно-уметничка инсталација во државата, Андреј Жерновски, има сериозна амбиција да стане нов лидер на СДСМ, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Охрабрен од своите спонзори и од внатрешен круг кој тоа повеќе и не го крие, го гледаме како секојдневно е активен со „храбри“ статуси и напади, кои потоа со трчање ги пренесуваат неколку познати медиуми. Кој ќе биде лидер на СДСМ – нека си решаваат. Но, изборот помеѓу сегашниов и Жерновски е трагедија сама по себе. И за државата. И за демократијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е неизбришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

11 Октомври – симбол на слободата и борбата на македонскиот народ

Ден на кој продолжија слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание кои врвот го достигнуваат со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

To top