Македонија

Села: Курти ми предложи на 4.1.2024 да го номинираме Таравари како кандидат за претседател на државата?!

Лидерот на неговото крило во АА Зијадин Села на косовската ТЕВЕ 1 вчера и пред една година во изјави на иста тема – „кандидатурата на Арбен Таравари за претседател на Македонија“ – откри дека „Албин Курти тогаш како премиер на Косово и премиерот на Албанија Еди Рама го поттикнувале Таравари во 2024 година да се кандидира за таа функција“ и оти „меѓу себе воделе битка за изборите во Македонија“! Поточно, кој би остварувал потоа политичко влијание во државата!

„Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците во С.Македонија, откри дека сегашниот вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти му имал предложено Арбен Таравари да биде номиниран за претседател на државата. Изнесувајќи детали во емисијата ‘Катче за дебата’  завчера, на 17 јули 2025 година на ТЕВЕ 1, Села изјави дека Курти му го кажал ова на средба на 4 јануари 2024 година.“ – објави ТЕВЕ 1 од Косово.

Во својата вест оваа косовска телевизија натаму наведува: „Во таа пригода тогаш Села му кажал на Курти дека не би бил проблем за него да се кандидира Таравари за таквата функција, но и му ги посочил причините зошто не треба да имаат Албанците кандидат за претседател на државата. “

Потоа се цитира изјавата што ја даде Села во оваа емисија во споменатиот контекст: „На последната средба што ја имав со Курти на 4 јануари 2024 година, пред да започнат внатрешните проблеми, ми беше поставена тезата: ‘‘Што мислиш да го направиме Арбен Таравари кандидат за претседател?. На тоа јас одговорив дека немам ништо против тоа, но и оти се наметнува прашањето дали ние, Албанците треба да имаме Албанец-кандидат за  претседател. Повикав тогаш на внимателност, бидејќи ова доаѓа од устата на еден политичар, кој пред пет години имаше упатено повик албанскиот глас да оди кај Албанците, но во едни други околности.“

Села пред една година: „Се водеше битка меѓу Еди Рама и Албин Курти за претседателските избори во Македонија во 2024“?!

Поврзано со истата тема, околу одржувањето на претседателските избори во Република Македонија пред една година ТЕВЕ 1 имаше објавено уште една изјава на Зијадин Села, кој ја имал и тогаш коментирано „кандидатурата на претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари за претседател на Македонија. За ова тогаш косовската телевизија има објавено: „Тогаш Села имал кажано дека не знае дали Таравари бил поттикнат од премиерот на Косово Албин Курти и премиерот на Албанија, Еди Рама, но додал дека „таа кандидатура на  Таравари претставувала искра“ „Прашањето е дали е ова битка меѓу Еди Рама и Албин Курти за изборите во Македонија. Не знам кој ја поттикна оваа, кандидатура, но таа претставуваше прва искра…“ – рекол Села, покрај другото во емисијата „Катче за дебата“ пред една година.

Села пред една година: „На Албанците не им треба апсолутен победник на парламентарните избори во македонскиот блок, за да можат албанските партии да бидат решавачкиот чинител во Македонија!“

„Според Села, на албанските политички партии им недостига рамнотежа меѓу македонските политички партии, за да можат да бидат албанските политички партии одлучувачки чинители во земјата.“ „На албанските политички партии во Македонија им е потребно македонските политички партии да имаат рамнотежа меѓу себе, оти резултатите од изборите треба да бидат врамнотежени. Не ни треба апсолутен победник во македонскиот блок, било да е од десницата, било да е од левицата. Само ако има рамнотежа меѓу  нив, ние, албанските политички партии ќе можеме да бидеме оној политички чинител, што ќе одредува , кој ќе  го одржува парламентарното мнозинство. Само ако бидеш чинител, што ќе го одржува мнозинството, ќе можеш да ги реализираш целите на програмата и на политичката платформа, што си ги ветил.“ – имаше објавено косовската ТЕВЕ 1 пред една година.

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат кази за прершителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

МВР со детали: Како е откриено местото каде судијата Ристов криел 350.000 евра?!

На 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов во Неготино. На првиот кат, во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка, во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти од по 500 евра и 225 банкноти од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

Вреди: Судијата Ристов беше дел и од судските одлуки, што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани.

МВР предупредува: Не отворајте лажни смс-пораки, наводно од „Безбеден град“, не давајте лични податоци!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Најнови вести

To top