Македонија

Поединци подметнале голем пожар на Жеден кај Желино, Тетовско со запалени гуми, пуштајќи ги да се тркалаат низ планината!

Пожарот продолжува бргу да се шири, поради ветрот, и претставува голема закана за населението во селото Желино

Во овие моменти активен е голем пожар на планината Жеден кај тетовското село Желино. Според неофицијални информации, пожарот е намерно подметнат од поединци, кои запалиле гуми и ги пуштиле да се тркалаат низ планината. Потоа се запалиле и зимзелени дрвја, грмушки и друга вегетација. Огнот зафати десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација. Во гаснењето дејствуваат тетовските пожарникари, полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ, 2 теренски возила пинцгауер, 1 хермелин, хеликоптер и 30 припадници на Армијата на Република Македонија, екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и авионите ер-трактори на ДЗС за воздушна поддршка.

Но пожарот продолжува брзо да се шири и натаму, поради ветрот. Претставува голема закана за населението во Желино, но и за учесниците во сообраќајот, кој се одвива во непосредна близина на пожарот. Полицијата има информации за лицата кои го подметнале пожарот и трага по нив. „Нашите сознанија и информациите од противпожарните единици од пожарникарите, што беа овде, се дека се најдени запалени 3 гуми. Тоа докажува дека човек го предизвикал овој пожар.“ – изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.

Пожари денес се гаснеа на уште пет други места во Македонија. Надлежните информираа дека три од нив се под контрола, а исто толку до 14 часот беа целосно изгаснати.

„Тетово инфо“

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Можно е реконструкцијата да биде поголема од една третина од владините функционери

Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, преммиерот посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери

To top