Македонија

Незадоволството од цените на мобилната телефонија во Македонија ќе го исправа нов мобилен оператор

Само 55,9 проценти од Македонците задоволни од цените на мобилните услуги

На почетокот на годинава бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1.975.907 но само нешто повеќе од половината се задоволни од цените на услугите на активните мобилни оператори.

 

Иако во земјава има шест субјекти обезбедуваат јавно достапни телефонски услуги на јавна мобилна комуникациска мрежа: Македонски Телеком АД Скопје, А1 Македонија Скопје, Лајкамобајл – Скопје, Телекабел – Штип, Греен Мобиле – Прилеп и МТЕЛ – Скопје постои простор за поднесување кој најверојатно ќе го искористи унгарската компанија ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје која е македонска испостава на унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“.

 

Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации, објавено на почетокот на месецов, покажаа дека најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти.

 

Агенцијата за електронски комуникации донесла Одлука за распишување на јавен тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за нов мобилен оператор.

Одлуката следува по јавната расправа за таа намена која резултираше со писма за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е&ппф Телеком Груп Б. В.

 

Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надомест за одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милиони евра, а за одобрението C1, 2,320 милиони евра.

 

Понудувачот кој ќе се квалификува за јавното наддавање треба да уплати депозит во висина од 10 проценти од почетниот износ на пазарната вредност на радиофреквенциите.

 

Рокот за доставување на понудите е 35 дена од денот на објавата, а јавното отворање на понудите ќе се изврши на 22 август во 10 часот во просториите на АЕК.

 

АЕК на 22 април годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар.

To top