Македонија

Тошковски: Новите закони носат темелна реформа на полицијата, без политички влијанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција претставуваат суштинска, а не козметичка промена, насочена кон темелна реформа на полицијата и институционално јакнење на МВР. Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Вклучени беа стручните служби […]

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција претставуваат суштинска, а не козметичка промена, насочена кон темелна реформа на полицијата и институционално јакнење на МВР.

Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Вклучени беа стручните служби на МВР, претставници на синдикатите, независни експерти и меѓународни партнери“, напиша Тошковски на социјалните мрежи, додавајќи дека препораките на ГРЕКО и анализите на ОБСЕ се целосно вградени во новите решенија.

Според него, клучни новини во Законот за внатрешни работи: „Поедноставена класификација на работните места; Воведување на тест за раководење и за позицијата главен; Обука како задолжителен услов за секоја раководна функција; Тест за професионален интегритет без политичко влијание; Јасна рамка за советничките позиции; Систематизирано управување со човечки ресурси – од мобилност до развој на кариера“.

Тој посочува дека има измени во Законот за полиција како дефинирање на професионални критериуми за директорот на Бирото за јавна безбедност, со обврзно полициско искуство; Отворање на нови полициски станици во Сарај и Илинден; Ускладување на организацијата со новиот концепт за управување во полицијата.

Министерот порача дека додека, како што вели, некои избираат да манипулираат и собираат политички поени, МВР останува посветено на градење институција што функционира по јасни правила и работи во служба на граѓаните.

„Ќе вреднуваме знаење и одговорност, а не дневна политика, порача Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Можно е реконструкцијата да биде поголема од една третина од владините функционери

Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, преммиерот посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери

To top