Хроника

Дебарчанец управувал автомобил пијан и без дозвола, предизвикал сообраќајка и избегал

По наредба на јавен обвинител, возилото е привремено одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

29-годишен жител на Дебар е лишен од слобода откако предизвикал сообраќајна несреќа, го напуштил местото на настанот и физички ги нападнал полициските службеници.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 29 мај околу 23 часот. На улицата „Амди Леши“ во Дебар, А.Л. (29) управувајќи „Фолксваген Поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа во која оштетил друг автомобил, по што побегнал од местото.

Полициските службеници подоцна го сопреле возилото на улицата „Зеќир Чанка“. При приведувањето, возачот физички ги нападнал униформираните лица.

При контролата било утврдено дека возачот немал положено возачки испит, а алкотестот покажал 2,75 промили алкохол во крвта. Поради тоа, тој бил исклучен од сообраќај.

По наредба на јавен обвинител, возилото е привремено одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Најнови вести од: Хроника

Предупредување од Средно Водно: Девојка пресретната од гол маж

Девојката одлучила јавно да го сподели искуството токму затоа што често се движат луѓе сами во природа, особено жени, и сака да ги потсети да бидат претпазливи кога се оддалечуваат од главните патеки.

To top