Македонија

Николоски: За недела-две ќе избереме изведувач за автопатот Скопје Блаце (видео)

Рок за завршување е 3,5 години, имајќи предвид дека и делницата е пократка

“За автопатот Скопје -Блаце имаме дел кредит, дел грант со ЕБОР и со договор со ЕБОР да одиме според нивните правила, затоа што за да се изгради еден инфраструктурен објект најважно е да се обезбедат средства., изјави вицепремиерот и министер за Транспорт Александар Николоски.

„Имајќи предвид дека ги обезбедуваме од таму, ги следиме нивните правила. И според нивните правила сме во финална фаза на избор на изведувач, која велам финално очекувам за максимум недели, не месеци, туку недели, Европската банка за обнова и развој да го избере Изведувачот и после тоа да почнат да работат. Таму рок за завршување е 3,5 години според правилата на банката, имајќи предвид дека и делницата е пократка” истакна Николоски.

Вицепремиерот во објава на Фејсбук потсетува на проектите кои се изведуваат на овеќе делници низ земјава.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top