Македонија

Посредник за кредит си ставил 310 илјади денари во џеб, скопјанец пријавил дека е измамен

Скопјанец во неколку наврати давал пари за наводни трошоци за кредит кој никогаш не бил одобрен

Скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 309.800 денари од лице кое му ветувало посредување при добивање банкарски кредит.

Според пријавата, 44-годишниот маж и осомничениот се познавале од претходно, а во изминатите денови во повеќе наврати му предавал пари за наводни трошоци поврзани со одобрување и реализација на кредитот.

Откако сфатил дека ветениот кредит нема да биде реализиран, случајот го пријавил во СВР Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавената измама.

Најнови вести од: Македонија

„Иновативни“ злоупотреби во македонското земјоделство и сточарство: се пријавуваат за субвенции со ушни маркички од угината стока!

Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА.

Ковачки: Измеќарите без исправен грбник, кои со децении ја влечеа државата во кал, денес сами се препознаа како талог

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

To top