Македонија

Директорката на ИЈЗ: Луѓе примале плата без да доаѓаат на работа

Андоновска апелираше да не се ставаат сите вработени во ист кош, истакнувајќи дека поголемиот дел чесно и професионално ја вршеле својата работа. Таа увери дека поголемиот дел од неправилностите сега се надминати.

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за сериозните неправилности утврдени во извештајот на Државниот завод за ревизија, кои се случувале пред нејзиното доаѓање на чело на институцијата.

„И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата“, рече Андоновска.

Таа посочи дека при нејзиното доаѓање констатирале дека немало реагенси, а немало ниту евиденција за нив. Дел од вработените примале плата, а не доаѓале на работа, додека некои колеги ги евидентирале дека се присутни, а за возврат добивале пари.

Меѓу другите неправилности што ги наброја, Андоновска ги спомена:

  • Прием на работа без административен испит;
  • Неправилни унапредувања и исплата на додатоци;
  • Несоодветно наградување на вработени;
  • Набавка на непотребна медицинска опрема;
  • Фармацевтски техничари извршувале работи на медицински сестри и лаборанти;
  • Договори на дело со веќе вработени лица;
  • Издавање на простор на ИЈЗ на пекарница, што е спротивно на законот;
  • Јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план.

Таа даде и конкретен пример: некои вработени добивале од 44.000 до 88.000 денари дополнително на плата за „архивска граѓа“, како на пример чистење на двор.

Андоновска апелираше да не се ставаат сите вработени во ист кош, истакнувајќи дека поголемиот дел чесно и професионално ја вршеле својата работа. Таа увери дека поголемиот дел од неправилностите сега се надминати.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top