Македонија

Арѓенд Гура, член на претседателството на крилото на АА, му сврте грб на Таравари, само 10 дена откако тој ги повика „Албанците да се обединат“!

На 10 јули 2025 година Арбен Таравари објави „сеопфатна платформа за иднината на Албанците“ и претстави некаква „нова албанска национална визија“, ама изгледа „платформата“ и „визијата“ не му „врват“ многу, штом Гура му даде „црвен картон“ на Таравари!

„Алијансата за Албанците доживува длабока внатрешна криза. Уште една важна личност ја напушта партијата, нанесувајќи му нов удар на раководството на Арбен Таравари. Арѓенд Гура, член на Централното претседателство на партијата, ја објави својата оставка од функцијата што ја извршуваше.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „Удар по удар за Таравари – заминува уште едно важно име, член на Централното претседателство!“.

Натаму порталот наведува: „По доволно време за лично размислување и без моментни чувства, решив да ја напуштам позицијата член на претседателството на Алијансата за Албанците. Јавно им се заблагодарувам на сите поддржувачи, функционери и на претседателот на партијата за досегашната почит и поддршка.“ – порача Гура.

Заминувањето на Гура доаѓа во време кога незадоволството и оставките се зголемија во рамките на Алијансата за Албанците, додека Таравари се соочува со силни критики за раководството на партијата и неодамнешните политички договори. – објави „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

Дали ќе се казнуваат пешаци кои одат со слушалки во ушите?!

Нема повеќе безгрижно шетање по улица со слушалки или зборување на мобилен телефон додека преминувате улица – Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кои внесува ригорозни измени и за пешаците, но и велосипедистите и возачите на електрични троитнети.

Сиљановска-Давкова: Хидробиолошкиот завод е првата линија на одбрана во борбата против исчезнувањето на видовите, загадувањето на водите и климатските промени

Пастрмката да опстане во Охридското Езеро, Преспа да продолжи да биде дом на ретките птици, Дојран да го сочува рибарскиот дух, а Хидробиолошки завод да слави и по следните 90 години

To top