Македонија

Финансиска полиција и ОЈО ќе ги чешлаат наводите за злоупотреби во универзитетот чиј сопственик беше синот на Мерко

Во обвинителството, Финансиската полиција, Министерството за образование и наука, но и Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел и Делегацијата на ЕУ во Скопје стигнаа наводите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која излезе со соопштение во кое кажа дека имало индиции за сериозни пропусти и потенцијална злоупотреба на пари […]

Во обвинителството, Финансиската полиција, Министерството за образование и наука, но и Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел и Делегацијата на ЕУ во Скопје стигнаа наводите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која излезе со соопштение во кое кажа дека имало индиции за сериозни пропусти и потенцијална злоупотреба на пари во врска со доделувањето средства на Меѓународниот универзитет во Струга.

Овој универзитет, според официјалните документи е во сопственост на „Еуро Колеџ“ ДОО од Струга, чии краен сопственик е Арменд Кадриу. Во сопственичката структура беше и Генц Мерко, син на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, но годинава, тој формално го препушти сопственичкиот удел на парнерот Кадриу.

„Постапувајќи согласно своите надлежности, по споделена информација со Европската комисија, изврши вонредна проверка (ECHE Check) на исполнувањето на условите за користење на статусот „Erasmus Charter for Higher Education“ (ECHE) од страна на приватна високообразовна институција Меѓународен универзитет во Струга, поради основани сомнежи за евентуални неправилности во примената на принципите и критериумите на Еразмус+ програмата, а овозможени од внатрешно вработени лица во Агенцијата. За некои од нив, Европската Унија веќе констатирала “фамилизација” со корисници во делот на високото образование“, стои во соопштението.

Универзитетот претходно доби и лиценца за медицински науки, но истата беше одземена по промената на власта.

извор: https://faktor.mk/finansiska-i-ojo-kje-gi-cheshlaat-navodite-za-zloupotrebi-vo-univerzitetot-chij-sopstvenik-beshe-sinot-na-merko

Најнови вести од: Македонија

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Грендланд и порача: „Нема враќање назад“!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

Судијата Ристов е во Обвинителството: се бара да оди во куќен притвор, се истражуваат 350-те илјади евра,најдени во ѕид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов, при што му беа предочени сите досега прибрани докази, врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела, што му се ставаат на товар.

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид одбележан празникот Свети Јован Крстител

Десетина граѓани на Охрид, тајфата на Никола Јакимоски, кој вчера го фати Чесниот крст во Охрид, како и неколкумина гости во градот и туристи, денеска во типично зимски амбиент со врнежи од снег, влегоа во студените води на Охридското Езеро. На тој начин тие ја продолжија традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото за да го одбележат почетoкот на риболовната сезона.

To top