Македонија

Во мај дури 191 случаи на семејно насилство

Во овој период, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави, што претставува зголемување од 71,3% во споредба со мај минатата година

Само во текот на минатиот  месец,  пријавени се вкупно 191 кривично дело семејно насилство, што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец минатата година, објавија од Министерството за внатрешни работи.

Според нив, поголемиот дел од случаите се однесуваат на „телесна повреда“ – 130 случаи и „загрозување на безбедноста“ за кои се евидентирани 52 случаи.

Во категоријата најтешки кривични дела, евидентирано е убиство во регионот на СВР во Битола и два случаи на тешка телесна повреда.

Најголем број случаи се евидентирани во скопско, со пријавени 62 кривични дела. Во овој период, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави, што претставува зголемување од 71,3% во споредба со мај минатата година.

Против 144 сторители се преземени мерки за кривично гонење, додека 143 лица се идентификувани како жртви.

18 пријави се поднесени со забрзана постапка, 15 лица се приведени, додека 48 лица се под надзор.

Министерството за внатрешни работи нагласува и дека пријавите со забрзана постапка се зголемени за 800% во споредба со минатата година.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМЕ: Криминалната матрица на СДСМ ја презеде партискиот подмладок

Младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па целата провизија од местењето тендери ги задржуваат само за себе

Конгресот на СДСМ да прогласи вонредна состојба, бара Еленовски

Во најголем интерес на СДСМ би требало да биде партијата да спроведе вистински демократски избори наместо сегашните фингирани „за цело членство“ онлајн избори со севернокорејски резултати во кои никој не верува, а цела јавност се смее. Со таков легитимитет на лидерот (за кој и самиот тој е свесен), резултатите се однапред познати, а на изборите видовме дека веќе се и заверени

To top