Свет

Крвава пресметка во Барселона: Убиен српски државјанин, минувачи се борат да го оживеат(ВИДЕО18+)

Полицијата веднаш го блокирала поширокото подрачје, но напаѓачот сè уште не е пронајден.

Српски државјанин е убиен синоќа во пукотница во кварттот Сантс, во населбата Зона Франка во Барселона.

Според порталот ElCaso.cat, непознат напаѓач облечен во црно испукал неколку куршуми во грбот на жртвата, која се наоѓала во внатрешниот двор на станбена зграда на улицата Минерија. И покрај обидите на соседите да го реанимираат, мажот починал на место.

Полицијата веднаш го блокирала поширокото подрачје, но напаѓачот сè уште не е пронајден.

Втора пукотница на исто место

Ова е втора фатална пукотница на улицата Минерија за помалку од еден месец. Поради зголемениот број инциденти со огнено оружје, жителите на Зона Франка изразуваат сериозна загриженост за безбедноста. Минатата недела тие одржаа протести барајќи итни мерки од градските власти.

 

Најнови вести од: Свет

Грција стави „сопка“ на новиот пакет санкции кон Русија

Атина сака да ги ублажи и веќе договорените ограничувања за увоз и трговија со руски течен природен гас (LNG),бидејќи Грција е светска превозна сила, а транспортот на течен руски гас преку водите и пристаништата на ЕУ носи милијарди приходи

To top