Македонија

Трудна со „тројка“ на 58 години (ВИДЕО)

Редок и исклучително комплексен медицински случај објави Болницата „Плодност“, откако пациентка на 58-годишна возраст останала бремена со тројка по постапка на ин витро оплодување

 

Според информациите што ги сподели д-р Таше Трпчевски, станува збор за пациентка од Србија која била во менопауза пет години. По соодветна подготовка на ендометриумот и со користење донорски јајце-клетки и семен материјал од нејзиниот сопруг, биле создадени три бластоцисти кои биле вратени при ембриотрансфер.

Сите три ембриони успешно се имплантирале, а ултразвучниот преглед потврдил тројна бременост. Во моментов пациентката е во деветтата гестациска недела и, според докторот, сите плодови се витални.

Д-р Трпчевски посочи дека ова бил трет обид за ин витро оплодување. Тој нагласи дека станува збор за високоризична бременост која бара внимателно следење и мултидисциплинарен пристап.

Поради возраста на пациентката, лекарскиот тим препорачал редукција на еден или два ембриона за да се намалат ризиците за мајката и плодовите. Според неговите информации, пациентката планира понатамошните одлуки и медицински процедури да ги реализира во Србија.

„Доколку пациентката одлучи да ги износи и роди сите три бебиња на 58-годишна возраст, тоа навистина би бил исклучително редок случај“, изјави д-р Трпчевски.

Од болницата наведуваат дека случајот претставува пример за можностите на современата репродуктивна медицина, но истовремено и за предизвиците што ги носат бременостите во подоцнежните години од животот. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top