Македонија

Османи: „Бугари во устав“ е дел на „дебата за правата на малцинствата во РСМ“?! Ако влезат во уставот, „ќе значи дека Македонците и Бугарите се два различни народа“?!

„Внесувањето на Бугарите како народ во уставот на С.Македонија ќе покаже дека тој и македонскиот народ се два различни народа. Внесувањето на Бугарите во уставот е дел на една дебата за правата на малцинствата во државата.“ – овие тврдења ги изнесе потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи во денес објавеното […]

„Внесувањето на Бугарите како народ во уставот на С.Македонија ќе покаже дека тој и македонскиот народ се два различни народа. Внесувањето на Бугарите во уставот е дел на една дебата за правата на малцинствата во државата.“ – овие тврдења ги изнесе потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи во денес објавеното интервју, кое го даде за ТВ Еуроњуз во Албанија. Прикривајќи ги, но и извртувајќи ги вистинските факти за своите активности додека преговарал како министер за надворешни работи  со бугарските челници за „решавањето“ на спорот на Бугарија со Македонија, Османи изнесе теза дека „Бугарите со години не прифаќаа да бидат дел на уставот како малцинство, зашто тие се сметаа себеси како народ, што е и официјалната бугарска политика: ние сме еден народ во две држави“. Потоа Османи кажа дека, наводно, „внесувањето на Бугарите во уставот било дел на дебата за правата на малцинствата“?! Тој ја прикри вистината дека Софија не барала некаква „дебата за правата на малцинствата, па и за бугарското, во Македонија“, туку да се „признае“  „постоење бугарски државотворен народ во С.Македонија, кој учествувал во нејзиното градење како држава“, а не „бугарско малцинство“’. Исто така Османи го прикри и второто клучно барање на Софија да се „признае“ со уставните промени и дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски историски темели“.

Во овој контекст во интервјуто Бујар Османи посочи: „Политиката на Бугарија не е принципиелна кон С.Македонија и Македонците. Таа секогаш била империјалистичка. Но, за францускиот пакет, иако тие велат дека не се добар, времето ќе покаже дека тоа било најдоброто решение за спорот со Бугарија. Јасно се упатува на дебата за правата на бугарското малцинство и на историско-идентитетска дебата. Тоа беше нашата цел: внесувањето на Бугарите во уставот е дел на дебата за правата на малцинствата. Бугарите со години не прифаќаа да бидат дел на уставот како малцинство, зашто тие се сметаа себеси како народ, а тоа е и официјална бугарска политика: ние сме еден народ во две држави. Внесувањето на Бугарите како народ во уставот покрај македонскиот, турскиот, српскиот народ беше нашата цел: тоа покажува дека македонскиот и бугарскиот народ се два различни народа. Тоа беше секогаш цел на нашата држава наспроти Бугарија.“

Надоврзувајќи се на овој дел од своите противречни тези и манипулации со вистината, Османи го наведе и следното: „Но со оглед дека ова го направил еден Албанец, тоа треба да се демонизира. Јас сум бил министер на државата, таа држава е и моја и јас не дозволувам да бидам прикажан и за еден милиметар дека сум помалку компетентен од кој било друг таму. Едуцирањето на идните македонски генерации дека се, што доаѓа од Албанците е опасно и штетно,  ќе предизвика долгорочни последици врз меѓуетничките односи меѓу Македонците и Албанците. Последиците од ова, што ќе се создадат кај Албанците, ќе бидат долгорочни. Иако Албанците се покажаа како многу коректни и многу солидарни кон емотивниот дел на македонскиот народ кон спорот со Бугарија.“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top