Македонија

Сиљановска-Давкова оствари средба со Насер Бурита, МНР на Кралството Мароко

Сиљановска-Давкова ја истакна важноста од меѓусебната соработка во меѓународните организации, а особено во рамките на ОН, Меѓународната организација на франкофонијата, како и во Унијата за Медитеранот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Насер Бурита, министер на Кралството Мароко за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, кој престојува во официјална посета на земјава.

Според неа, Мароко, како една од водечките земји во МЕНА регионот е природен политички и економски мост меѓу Европа и Северна Африка, со клучна улога во регионалната стабилност и просперитет, како и во гарантирањето меѓународен мир и безбедност.

Министерот Бурита, во својата прва официјална посета на македонската држава, препознава почеток на нова ера во градењето меѓусебни односи.

Сиљановска-Давкова ја истакна важноста од меѓусебната соработка во меѓународните организации, а особено во рамките на ОН, Меѓународната организација на франкофонијата, како и во Унијата за Медитеранот.

За соговорниците, Билатералниот договор за културна соработка, којшто владите го потпишаа во декември минатата година, ќе го продлабочи меѓусебното разбирање и почит.

Мароканскиот министер изрази подготвеност за стратешка соработка во сферата на енергијата.

Тој, во името на мароканскиот крал, ѝ упати покана за посета на Кралството Мароко.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top