Македонија

Османи од Албанија: Албанците имаат „уставен статус како државотворен народ во РСМ“! Со Рамковниот требаше да добијат автономија во одлучувањето!

Иако ќе се натпреварува како кандидат за градоначалник на Чаир, на локални избори, Бујар Османи целно одбра токму од Албанија да проговори за „албанската државотворност“ во Македонија, па дури и „потсети“ на „автономијата на Албанците во одлучувањето“ – поодамнешен стремеж на низа партии во албанскиот блок за федерализација на Македонија со албански кантон и „автономија на Албанците во него“!

„Албанците не се малцинство во С.Македонија. Уставот јасно ги одделил Албанците како државотворен народ, тие имаат посебен статус. Не е проблем што сега немаме албански премиер на С. Македонија. Проблемот е тоа што сега се инсталира идејата дека амбицијата на Албанците да имаат премиер е закана за државата. Но наше фундаментално право, кое произлегува и од Рамковниот договор, да раководиме и ние со С.Македонија. Јас имам право да бидам претседател на државата, премиер, да преговарам во име на државата. Фактот што Албанците ја сметаат С.Македонија и како нивна држава, што имаат амбиција да имаат свој премиер таму, не ја ослабува, туку ја засилува државата.“ – изјави со нескриена интонација и на провокација потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто за телевизијата Еуроњуз Албанија, објавено денес, на 21 јули 2025 година. Тој инаку нималку случајно се определи, на почетокот на својата предизборна кампања како кандидат на неговата партија за градоначалник на скопската општина Чаир, да проговори баш преку медиум од Тирана, а не од, на пример, Скопје, или Тетово и Чаир.

Османи го искористи споменатото интервју, целно одбрано и да испрати „три пораки“ токму од Албанија. Во „пораката до заедницата на македонските политички партии“ потпретседателот на ДУИ Османи „заигра“ на „опасна карта“: ја извади од „шпилот“ „картата“ на „автономијата на Албанците“ во Македонија – поодамнешно барање на редица партии од албанскиот политички блок во земјата, кое поправо означува стремеж за федерализација на македонската држава, која би имала во својот територијален состав и албански кантон со „автономија на Албанците во него“!

Во овој контекст во интервјуто за Еуроњуз Албанија Османи рече: „Ние не прифаќаме вие да правите инженеринг над нашето застапување. Еден од столбовите на Охридскиот договор беше Албанците да добијат автономија во одлучувањето, или автономија во претставувањето. Ние не сме кираџии во својата куќа, во својата држава, ние сме сосопственици на нејзините институции.  Албанците одлучуваат кој ќе раководи со институциите на земјата, ние сме нејзини сосопственици и рамноправни со Македонците. Ние воопшто нема да прифаќаме статус на граѓани од втор ред!“  

Османи: Македонците се етничка малцинска заедница во Тетово, Гостивар и Струга!

Во „пораката до меѓународната заедница“ дека е „потребно да се задржи балансерот како заштитен механизам за Албанците и за сите заедници“ Османи пак ги спомена Македонците, тврдејќи дека и на нив се однесува тоа. „Заштитниот механизам балансер не е само за Албанците, туку е за сите заедници да бидат правично застапени во институциите. Тоа значи дека и Македонците треба да бидат заштитени со него во општините, каде што Албанците се мнозинско население. Во Тетово, Гостивар и Струга Македонците се малцинство и балансерот гарантираше еден претседател-Албанец да не ги остава настрана Македонците при вработувањата во институциите во тие општини. Кога се отстранува механизмот на балансерот, што гарантира правично и соодветно застапување во институциите, не се отстранува механизмот на ДУИ, туку механизмот на Албанците. Во овој поглед ВМРО ДПМНЕ води целосно антиалбанска политика, ама ја прикрива како политика против ДУИ, за да биде помалку неприфатлива за меѓународната заедница.“ – тврдеше Бујар Османи.

Тој се огласи и со веќе чуен речник на повикување на „албанската етничка кауза“ и „загрозеноста на Албанците“, за да се предизвика етничка мобилизација кај Албанците во прилог на ДУИ и така и да гласаат на октомвриските локални избори. „Албанците се соочуваат со добро осмислен и организиран политички модел, кој се инсталира со цел да го поништи нивниот идентитет, стекнат преку Договорот од 2001 година. Спротивно на нашите желби, локалните избори нема да бидат нормални избори, туку всушност ќе бидат референдум за или против исклучувањето, потчинувањето и маргинализирањето на Албанците, што се нормализира како концепт. Албанците во С.Македонија се исклучително иритирани и едвај чекаат да се случат овие избори, за да кажат ‘не’ на пристапот на оваа влада кон албанската позиција таму. “ – наведе Османи.

Според него, „Албанците во С.Македонија се обединиле како никогаш досега“ и оти „се решени да не прифатат ништо помалку од она што е претходно договорено на политичко и институционално ниво“. Османи им упати од Албанија и својата „трета порака“ до „албанските политичари во С.Македонија“. „Вие треба да бидете со албанскиот народ, а не со македонската политичка елита!“ – посочи Османи.

На крајот на своето интервју за албанската телевизија потпретседателот на ДУИ и кандидат за градоначалник на Чаир Османи го изјави и следново: „Потребни се предвремени парламентарни избори, за да се договорат победниците што натаму, зашто оваа ситуација е нестабилна и поради европската перспектива на земјата. Европската  перспектива е прашање на егзистенцијата, на постоењето на оваа земја. Тогаш победникот кај Албанците ќе каже дека не може натаму без гаранција дека земјата ќе оди на патот кон Европската унија.“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Потпишан Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top