Македонија

ЕП „пресуди“: „Заедничката историја“ и „опипливите резултати на Заедничката историско-образовна комисија“ со Бугарија остануваат услов за РМ на патот кон ЕУ!

Европскиот парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, во гласањето помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. Но, амандманот 3, предложен од Вајц, беше отфрлен. Со него се предвидуваше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Но, повеќето пратеници изгласаа тој да остане во текстот.

Во членот 73 се наведува следното: „Силно ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Македонија, формирана како резултат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, да постигне јасни и опипливи резултати; нагласува дека текстовите треба да ја одразуваат интерпретацијата на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа, врз основа на објективни, автентични и докази поткрепени со историски извори и документи, научна интерпретација и историски настани, како што е предвидено во Вториот протокол“,


Најнови вести од: Македонија

Европскиот парламент: Позитивна оценка за Македонија и јасна поддршка за ЕУ

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува на периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе важни и позитивни оценки за државата.

Самсунг се вклучува во акција за филмот “Spider-Man™: Brand New Day“ на “Sony Pictures“

Внимавајте на глетките на Spider-Man во текот на летото со Spidey Tracker, поддржан од Samsung Galaxy

Sasmung Galaxy Z серијата уреди на преклоп ќе бидат прикажани во “Spider-Man: Brand New Day“ на “Sony Pictures“, ексклузивно во кината на 31 јули

To top