Македонија

Меџити за Ахмети: Нема луѓе за локалните избори, од 15 општини, 8 ги даде на Алијанса

Првиот заменик-претседател на Владата и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, жестоко ја критикуваше Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети, истакнувајќи дека партијата е во слободен пад и нема човечки капацитет за претстојните локални избори.

Првиот заменик-претседател на Владата и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, жестоко ја критикуваше Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети, истакнувајќи дека партијата е во слободен пад и нема човечки капацитет за претстојните локални избори што треба да се одржат на почетокот на октомври. Во емисијата „Само Вести“ на телевизија Канал 5, Меџити изјави:

„ДУИ од 15 општини ќе се кандидира само во 7, додека 8 ги има отстапено на Алијансите. Од 11 општини кои моментално ги води, во најдобар случај може да смета само на 7.“

Според Меџити, ова е јасен доказ дека Али Ахмети веќе нема кадар за да му се спротивстави на ВЛЕН на изборите, и дека ДУИ се откажува од сѐ само за да се спаси самата себеси.

„ДУИ одлучи на овие локални избори да даде сѐ, само за да ја спаси својата кожа,“ рече Меџити, најавувајќи дека политичкото соочување на локалните избори ќе биде клучно за судбината на ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top