Регион

Радев нема да дозволи санкции против Русија кои ѝ штетат на бугарската економија

Актуелниот премиер и екс-претседател нагласи дека Бугарија секогаш ги штити своите интереси, особено во енергетиката

 

„Војната во Украина одамна ги надмина рововите и се прошири на економијата, енергијата, спортот, културата, а сега почнува да влијае и на религиите. Мислам дека времето на крстоносните војни заврши. Ова го изјави премиерот Румен Радев по повод новиот 21-ви пакет санкции на ЕУ против Русија, пренесува Нова ТВ.

Тој нагласи дека Бугарија секогаш ги штити своите интереси, особено во енергетиката.

Нема да дозволиме санкции кои негативно се одразуваат на бугарската економија, категоричен беше премиерот.

Тој посочи дека денеска ќе стане јасно како ќе гласа Бугарија, откако со колегите ќе ги разгледа сите специфики. Радев ќе учествува на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Во врска со рускиот патријарх Кирил, кој е под новиот пакет санкции на ЕУ, премиерот праша: „Каква порака испраќаме кога продолжуваме санкции и војна против религијата? Дали сфаќаме каде води ова? Ви реков – времето на крстоносните војни заврши. на луѓе, кои се дел од оваа црква“.

Тој посочи дека ова е 21. пакет санкции и реторички праша:

„Како овие санкции досега ја запреа војната? И како воопшто помогнаа за мирот?“.

Најнови вести од: Регион

Северина со емотивен текст се прости од Ведрана Рудан

– Ведрана, како сте вие, треба ли нешто? – ја прашав едвај задржувајќи ги солзите што само течеа. – Ништо, Севе, само и понатаму еби им мајката на сите – раскажува Северина дел од своите спомени со својата пријателка, писателката Ведрана Рудан

Шестмина повредени во пожар во хотел во Албанија, петмина од Косово

Според прелиминарните податоци, пожарот првично избувнал во барот на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на вториот кат, каде што работел хотелот. Од повредените туристи, петмина се од Косово.

To top