Македонија

„Фол“: Големо е незадоволството меѓу „интегративците“, оти од општини со „тежина“ им останаа само Тетово и Чаир, а другите им ги препуштија на другите партии-сојузници!

Дали направи лидерот на ДУИ стратегиска грешка околу договарањата за кандидатурите за градоначалници на локалните избори со „политичките сојузници“-партиите од „Европскиот фронт“ – грешка, која ќе го чини урнисување на политичкиот рејтинг на ДУИ, да стане речиси небитна партија, само со два градоначалника?!

„Демократската унија за интеграција почна да ги објавува имињата на кандидатите за градоначалник. Паѓа в очи дека лидерот на оваа партија Али Ахмети, се откажа од многу општини, кои им ги препушти на политичките сојузници, кои се одвоени и од самиот него.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Натаму порталот пишува: Меѓу општините од кои Ахмети се откажал е и Теарце. Така лидерот на „интегристите“ реши да не го кандидира повторно сегашниот претседател на општина Теарце Нухи Незири, давајќи ѝ предност на кандидатурата на Назим Таипи од Алијансата за Албанците.

Незадоволството кај „интегративците“ е големо, бидејќи од општините со „тежина“ на ДУИ ѝ останаа само Тетово и Чаир, додека другите општини се оставени во рацете на други партии.

Најнови вести од: Македонија

Запленети 35.000 австралиски долари на аеродромот во Скопје

Иако патниците носеле поголема сума на девизи, тие наместо да се упатат на црвениот канал за пријавување, поминале низ зелениот канал, наменет за патници без ништо за пријавување. По селекција биле издвоени за детална контрола, при што биле откриени непријавените девизни средства

To top