Хроника

Крвава пресметка во која младо момче е избодено со нож

Нападнатиот пренесен во болница

На 20.06.2026 во 17:30 часот, пред паркот на Универзитетот во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу и М.Д.(20) и Л.А.(26), двајцата од Тетово.

При пресметката било употребено ладно оружје, при што Л, А. му нанел убодни рани на М.Д., кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му е укажана лекарска помош.

Полициските службеници, кои го обезбедувале настанот, веднаш постапиле, при што на местото е пронајден нож, а Л.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top