Македонија

Кандидатите за „листа на изгорени“ на Тошковски со отворена провокација преку рил (ВИДЕО)

Засега од Министерството за внатрешни работи нема официјална реакција на најновата провокација од профилот „Улични Тероризери“.

Профилот „Улични Тероризери“ објави рил во кој е прикажана изјавата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, придружена со провокативен наслов и полициски автомобил со прашалник (🚔?), што се толкува како отворен потсмев и директна провокација кон министерот и полицијата.

Според објавата, станува збор за лицата кои се наоѓаат на т.н. „листа на изгорени“ на министерот Тошковски. Со додавањето на emoji со полициско возило и прашалник, авторите на рилот очигледно ја нагласуваат својата иронија и несогласување со политиката на Министерството за внатрешни работи.

Кандидати за списокот на изгорени од министерот Тошковски (ВИДЕО)

Оваа објава брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика реакции, при што дел од корисниците ја оценуваат како обид за дискредитација на министерот и институциите за безбедност, додека други ја гледаат како форма на слободно изразување и критика кон властите.

Засега од Министерството за внатрешни работи нема официјална реакција на најновата провокација од профилот „Улични Тероризери“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🤟🏽 (@streetterrorizers)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

To top