Македонија

(Фото): Бразилската публика со македонски знамиња и овации го поздрави настапот на Симон Трпчески

Бразилската публика со овации ги поздрави сите изведби, а вистински куриозитет беа и македонските знамиња во публиката. На топлиот прием нашиот пијанист возврати со изведби на бис – од Вила Лобос, преку Бужаровски, до фрагмент од МАКЕДОНИСИМО. Концертите со своето ангажирано присуство ги поддржа и Претседателот на македонско-бразилската стопанска комора, Луис дел Вале.

По настапите на отворањето на 39. Фестивал „Будва – Град театар“ во Црна Гора и во рамките на на Фестивалот „ВондерФил“ во Холандија, каде што заедно со своите пријатели Крстев, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО, јулските концерти на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески значеа неколкудневен престој на сцените во бразилската метропола Сао Паоло.

Серијата стартуваше со рецитал на 13 јули, по што дури 3 вечери (од 17 до 19 јули) како солист на Симфонискиот оркестар на Сао Паоло, под диригентската палка на прославениот маестро Васили Петренко, Трпчески  учествуваше во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 1 од Чајковски. Бразилската публика со овации ги поздрави сите изведби, а вистински куриозитет беа и македонските знамиња во публиката. На топлиот прием нашиот пијанист возврати со изведби на бис – од Вила Лобос, преку Бужаровски, до фрагмент од МАКЕДОНИСИМО. Концертите со своето ангажирано присуство ги поддржа и Претседателот на македонско-бразилската стопанска комора, Луис дел Вале.

 Богатиот концертна сезона на нашиот пијанист на крајот од месецов ќе биде заокружена со настапот како солист на Филхармонискиот оркестар „Тосканини“ на фестивалот „Леричи“ каде што во амбиентот на тврдината Фирмафеде во Сарцана, под диригентската палка на Џанлука Марчијано на програмата е Концертот за пијано и оркестар број  2 од Рахманинов.

Стартот на новата сезона во септември, ќе го поведе нашиот пијанист на настапи во Чешка, Соединетите американски држави, Романија, Велика Британија, Холандија,…

Најнови вести од: Македонија

Анкетно истражување: Младите од Македонија позитивно гледаат на ЕУ, но се сомничави дека некогаш ќе стане нејзина членка!

„Мнозинството млади луѓе во Република Македонија гледаат позитивно на Европската унија, но речиси половина од нив не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата. Тоа го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите– кандидати за членство во блокот,“ – ова се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на […]

Јовановски ја презеде функцијата градоначалник на Кичево: Ќе го градиме еднакво за сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност!

„Изборите завршија, посакувам мир за нашите граѓани. Можеби сум направил грешки и за секоја грешка се извинувам на секој граѓанин, кој можеби бил засегнат.“ – изјави досегашниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари на денешното примопредавање на должноста со новиот градоначалник д-р Александар Јовановски.

Кривична пријава и 30-дневен притвор за полицаец, оти крадел бакарни кабли во Скопје со тројца соизвршители

„Предлог за утврдување дисциплинска одговорност и задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија на полицаецот Н.А., сторител на оваа тешка кражба.“ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести

To top