Македонија

Средба Муцунски-Герапетритис денес во Атина за ЕУ перспективата на регионот, геополитичките случувања и економско-енергетската соработка

Високи грчки дипломатски извори, како што вчера објави МИА, посочија дека станува збор за навистина важна средба, но и оти Герапетритис и Муцунски имаат развиено „исклучително функционални односи“,

Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис и на Македонија Тимчо Муцунски, јави дописничката на Македонската информативна агенција – МИА од Атина.

Шефот на македонската дипломатија Муцунски е во прва работна посета на Атина: напладне ќе биде примен од неговиот грчки колега Герапетритис. Потоа во 14 часот по локално време двајцата министри ќе имаат изјави за медиумите.

„Разговорите се очекува да бидат насочени кон идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со нагласка на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување. Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници.“ – соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија во пресрет на средбата.

Високи грчки дипломатски извори, како што вчера објави Македонската информативна агенција – МИА, посочија дека станува збор за навистина важна средба, но и дека Герапетритис и Муцунски имаат развиено „исклучително функционални односи“, дека имаат редовна комуникација и во обид, како што рекоа, да ги ограничат можните тензии по изборите во Македонија.

Споменатите грчки дипломатски извори додадоа дека за Атина Скопје е клучен сојузник и директен и важен сосед, но и дека Грција е силен поддржувач на нашата земја, објаснувајќи дека тоа го покажа и во пракса и на ниво на цивилна заштита со пожарите, на и по трагедијата во Кочани, а поддршката ќе продолжи и во иднина.

Герапетритис и Муцунски во Грција се сретнаа и на почетокот на април годинава на маргините на Економскиот форум во Делфи.







Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top