Македонија

Не е се така црно во Македонија – Пост инспириран од злобата на Фејсбук (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Пост е инспириран од злобата на сите плукачи и хејтери

За разлика од огромен број на луѓе кои на социјалните мрежи укажуваат, се жалат или плукаат по негативни појави поранешна новинарка а сега дел од корпоративно миље пишува за позитивни работи што се случуваат во Македонија.

 

Целиот пост во целост:

 

Во нашиов прекрасен град Скопје може и позитивни работи да се случат.

Случај 1.

Втор ден воодушевена (тоа што некаде е нормално можеби) од однос на вработена од јавна институција.

Просто не ми се верува дека има се уште луѓе што си ја сакаат работата. Бркам некои документи, одам по шалтери хаос, однос и на луѓето-чекачи нула, од вработените кога-како, кнап со време, и ми вели таа на шалтер извади си електронски, наместо 5 дена за 1 час ќе го добиеш.

Половина ден го поминав обидувајќи се влезам на услуги.гов.мк, веб-страница што не сум ја користела којзнае од кога, измалтретирав пријателки, и на крај совет да ѕвонам во Министерство за дигитална трансформација. Искрено, до вчера не ни знаев дека постои.

ВЕДНАШ ми се јави девојче на централа и веднаш ме префрли до админстраторката која 40 мин ја “удавив” дур не ми помогна да го решам проблемот. За тоа време деца по дома викаат, бараат кој лижавче кој чоколадо кој сака играчка…јас само се извинувам….а таа ама не се секирајте, ќе завршиме. Еднаш глас не повиши, љубезна, трпелива, насмеана, уште и проблеми со софтверот на домашниот лап-топ ми реши – девојче чудо. Дури на крај ја прашав како се вика, па еве до Радмила од Министерство за дигитализација (по нашки) нааааајголема благодарност.

Случај 2.

Новите простории на МВР во МРТВ…. Конечно да се чувствуваш човек кога одиш по документи. Прво средено, убаво дизајнирано, мебел, шалтери, КЛИМАТИЗИРАНО, љубезни вработени….ко во друг свет да влегов. Колку малку треба за работите да врват.

Случај 3

И веројатно најубавото е европскиот младински олимписки фестивал. А бре убавина на сите страни, весели, среќни, возбудени деца, енергија од нив блика, возбуда, спорт, еден куп јазици и сите се разбираат на свој…..штета само што толку малку му обрнаа внимание во јавноста. Навистина штета.

 

Постов е инспириран од злобата на сите плукачи и хејтери што утрово ги прочитав на ФБ.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

To top