Македонија

Мицкоски: СДС се сведе на застапник на бугарската пропаганда во Македонија

И втората работа, да се борат на овие избори не со тоа тие каков концепт ќе понудат, туку да работат по секоја цена ДУИ да има добар резултат за да ја спасат кариерата на Ахмети

Наспроти нашите напори и борби имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто се таму каде што се и во таква една ситуација толку се слаби што во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е нивна продолжена рака, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на синоќешната трибина насловена како „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ која се одржа во Кичево, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се осврна на уште еден момент кога станува збор за опозицијата.

„И втората работа, да се борат на овие избори не со тоа тие каков концепт ќе понудат, туку да работат по секоја цена ДУИ да има добар резултат за да ја спасат кариерата на Ахмети. И за овие две работи кои ги тврдам има и конкретни чекори кои ги преземаат“, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер, Мицкоски укажа дека тие најгласно зборуваат за уставните измени и спроведуваат пропаганда на Бугарија во Македонија.

„Видете кој најгласно во Македонија зборува за уставни измени, чиви полуги слугуваат на оние пропагандни и пред се лажни текстови каде бројат измислени пасоши за македонски политичари. Без задршка, без ограда излегува Филипче и зборува дека ќе вметнел Бугари во Устав“, кажа Мицкоски.

Оттука, Мицкоски додаде, сега ми е јасно зошто ја отфрлија секоја подадена рака од моја страна за државно единство за националните прашања.

„Затоа што во СДСМ политичарите се на дугме. И тоа го прават притиснати од својата безидејност. И затоа толку на ниско ниво ја водат политиката. Нема несреќа која не ја злоупотребија и судбина која не ја искористија. Нема пожар за кој не направија прес-конференција па дури и тогаш кога мистериозно е подметнат. Тие се водат од тоа колку полошо за народот толку подобро за СДС. Значи вниманието кон себе не го вртат со работа или труд, туку со поделби, со омраза и слугување. И затоа тие кога знаат дека не се конкурентни со работа, идеи и концепти, нивната задача е ДУИ да го помогнат на овие избори“, укажа Мицкоски заклучувајќи „затоа станаа нивен изведувач во политиката, за да спасат кариери но така спасуваат и бизниси кои си ги почнаа додека беа на власт. Затоа народот не им верува и затоа немаат доверба, неодговорно е таквото однесување кон самите себе но и кон нашата татковина“.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

To top