Македонија

Зоврива состојбата во ,,Врело” – Има ли на Матка заштита за туристи, концесија и фискални сметки

На Матка без појаси за спасување, без фискални сметки, има ли концесија…

Барам итна проверка на законитоста на работењето и туристичките активности во пештерата Врело – Кањон Матка, се вели во пријавите кои Марија Бундалевска, македонска државјанка која повеќе од десет години живее и работи во Сингапур, ги поднесе до надлежните институции.

Во сторијата што ја пренесува мкд.мк Таа тврди дека на Матка не се издаваат фискални сметки, дека дел од туристите одат на турите без појаси за спасување…

„На 5 јули бев во посета на Кањонот Матка и неосновано бев спречена во пристапот до пештерата Врело. Откако побарав официјална фискална сметка за наплатениот влез, истата ми беше одбиена, по што од страна на лицата кои стопанисуваат со локацијата дојде до физички контакт и беа упатени закани кон мене. Како граѓанин очекувам надлежните институции итно и без одложување да преземат соодветни мерки, со цел да се обезбеди законитост, безбедност и ред на една од најзначајните природни и туристички атракции во нашата земја“, вели Бундалевска.

Бундалевска бара надлежните органи да утврдат дали лицата кои стопанисуваат со пристапот до пештерата поседуваат соодветни концесии и дозволи; дали работењето е целосно усогласено со прописите за безбедност и заштита од пожари; дали остварените приходи соодветно се пријавуваат и оданочуваат; дали постои судир на интереси при вршењето надзор над оваа дејност; дали е извршена проверка на потеклото на имотот на лицата вклучени во ова работење.

Еве што пишува во претставката.

„На 5 јули, околу 12 часот, изнајмив кајак од еден од операторите на Матка и се упатив кон пештерата Врело со намера да ја посетам како турист. На влезот на пештерата го затекнав лицето кое се идентификува како Амет Саиди од село Глумово, кој според моите сознанија е сопственик, односно поврзано лице со компанијата ‘Алмата Примо’, под чиј бренд се јавува субјектот означен на лице место како ‘Втора компанија’. Тој наплаќа влез од по 10 евра по лице, а согласно она што го забележав на самата локација, превезува и групи од по 20 лица по чамец без соодветни појаси за спасување. Ме извести дека не смеам да се приближам до пештерата без претходно да платам кај него. Му поставив прашање дали има законско право, концесија или друго овластување да го ограничува пристапот до пештерата Врело, која претставува природно и туристичко богатство. Му реков дека ќе платам за влезот доколку ми издаде фискална сметка. Амет Саиди одби да ми издаде фискална сметка, а веднаш потоа дојде до физички контакт и упатување закани спрема мене, поради што се почувствував загрозена за мојата безбедност. Поради страв, не го пријавив настанот веднаш, туку по подолго размислување одлучив да поднесам претставка до надлежните институции“, пишува во претставката.

Предходно за оваа туристичка атракција во Скопје, повеќе медиуми пишуваа за законските пропусти во работењето на фирмата која стопанисува со Матка – за тоа дека платформите биле изградени спротивно на закон, без потребна водостопанска согласност, а постапката за нивна легализација била одбиена и повеќе години не била конечно решена; за немањето соодветна институционална контрола; за немањето концесија за користење, пишува мкд.мк.

Најнови вести од: Македонија

„Ние не сме Див запад“, одговорност во Гостивар ќе има, вели Тошковски

Одговорност ќе се побара од секој за кого ќе се утврди дека, без разлика дали со дејствување или со пропуштање да постапи согласно законските обврски, придонел за оваа состојба, вели министерот

To top