Македонија

ИЈЗ: Да не се работи на отворено од 11 до 17 часот

Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час

Носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно вода и минерални безалкохолни пијалаци без да се чека да се почувствува жед, да се избегнува алкохол, пијалаци што содржат кофеин и такви кои се многу студени, се дел од препораките за заштита од топлото време објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) поради најавата од Управата за хидромететоролошки работи (УХМР) за очекувани високи максимални дневни температури од утре (1 август) до 7 август.

Ранливите групи кои ги опфаќаат лицата над 60 години, бремени жени, деца, социјално ранливи, работници на отворено, како и тие со хронични заболувања (кардиоваскуларни болести, невролошки, белодробни и бубрежни болести, шеќерна болест, ментални болести, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето), потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

Од Институтот препорачуваат и затворање прозорците и ролетните во текот на денот и нивно отворање навечер, кога температурата е пониска, кога сте во паркирано возило да се отвори прозорецот со цел да овозможи вентилација и да не се остава никого во возилото, неопходно е туширање со млака вода по потреба, а за дополнително разладување да се ставаат ладни облоги или да се потопат стапалата во студена вода.

Доколку се јави чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или имаат интензивна жед и главоболка, треба да се побара помош, да се оди во постудено место колку што е можно побрзо и да се измери телесна температура, треба да консумира вода или негазиран минерален пијалак, ако се има болен мускулен грч, најчесто во нозете, рацете и стомакот, потребен е одмор на студено место и консумирање течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

Ако некој член од семејството или лице на кое му се помага, има топла и сува кожа, грчеви и/или е во бессознание, веднаш да се повика 194 или 112, а додека се чека Итната медицинска помош треба да се префрли на студено место и да се стави во хоризонтална положба со подигнати нозе над 20 см висина, да се отстрани гардеробата, да се воспостави надворешно ладење, како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано да се разладува и прска кожата со вода, да не се дава терапија, ако лицето е во бессознание, да се постави во бочна положба. Ако се почувствуваат невообичаени симптоми/знаци, или ако тие траат подолго потребна е консултација со својот доктор, стои во препораките од Институтот за јавно здравје од каде упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита и претпазливост за време на високи температури.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top