Бугарски писател се заканува дека Бугарија и Грција ќе ја поделат Македонија.
Одговарајќи на македонски активисти кои објавуваат фотографии на бугарскиот водач Аспарух Веселин Пенев одговара со закана за поделба на Македонија.
Пенеф (е автор на филозофско-политичката книга на англиски јазик со наслов „Understanding“.
,,Ќе дојде денот кога Бугарија и Грција ќе ја анектираат Македонија, а сите расисти ќе бидат изведени пред суд за злосторства против човештвото”, објавува бугарскиот автор Веселин Пенеф.
Бугарскиот писател тврди дека сè во Македонија е бугарско.
,,Енциклопедија Британика, „Македонскиот јазик е словенски јазик, најблизок до бугарскиот“. Најблизок е затоа што е бугарски. Античка Македонија одамна била уништена од Рим, 4 војни и од многу племиња. Бугарските племиња ја населиле земјата Македонија. Гледам дека македонскиот расизам е многу популарен”, пишува во својот говор на омраза кон Македонците бугарскиот автор.
Основна тема на книгата на Пенеф „Understanding“ е филозофија на живеењето која очигледно тој не ја совладал кога се во прашање Македонците.
https://x.com/VPenef49560/status/2083139608959733881
Најчитани вести
Ќе бидат ли казнети Грците за сексуалното насилство кон македонски семејства, жени и деца
Истрага за Грци кои користеле сексуално насилство кон македонски семејства, жени и деца (ВИДЕО)