Македонија

Никогаш повеќе Горица и Парк – Егоизмот на ,,Парк” ги брка туристите од Охрид

Звучниот тероризам ги брка гостите во Охрид

Егоизмот на сместувачкиот и угостителски комплекс ,,Парк” ги брка туристите од Охрид, велат туристи кои не можат да ја издржат дневната бучава на плажата на легендарното туристичко место на охридската ривиера.

Никогаш повеќе Горица и Парк, вели семејство кое утринава си заминало од омиленото место каде повеќе од 20 години со децата доаѓало на плажа во Горица.

Причина за разочараноста е огромната бучава во ,,Парк Голден Бич” плажата во текот на денот која што според туристите е опасна по јавното здравје.

,,Едниот син има аудио траума од огромната јачина на звучниците на плажата во Парк. Мораме да ги тргнеме децата од местото каде што можат да оглуват”, вели револтирана мајка која по само три дена се сели на друга дестинација.

Дојдовме да уживаме во мирот и убавината на Охридското езеро а сега мора да си одиме затоа што јачината на музиката е опасна по здравјето.

Општина Охрид која е надлежна за контрола за нарушување на јавниот ред и мир во смила на нарушување на животната средина не одговорила на барањето на туристите кои се пожалиле на бучавата која достигнувала и до 100 децибели.

Туристите со помош на апликации за мерење на јачина на звук измериле 100 децибели околу 14.30 часот.

На фотографијата која ја испратија до редакцијата на expres.mk се гледа дека силината на звукот која снимена на стотина метри од изворот на музиката односно звучниците во Парк е 90 децибели.

Ова ниво на звук е опасно за слухот на човек и може да предзвика тешко оштетување на здравјето.

Ова е особено опасно за младите луѓе кои се во непосредна близина на звучниците кои во најлошо сценарио може да доведе до целосно губење на слухот ако се изложени подолго време на прегласна музика.

Мерењето на децибели (dB) е стандарден начин за одредување на нивото на бучава (звук). Во контекст на охридските плажи и угостителски објекти, се мери во dB(A) – А-пондерирана скала, која најдобро одговара на човечкиот слух.

Мерењето според прифатената методологија се прави на одредено растојание од изворот (обично во близина на рецепторот – луѓе на плажа или во соседство).

Апликации како Decibel X, Sound Meter, NIOSH Sound Level Meter и слични можат да дадат приближна вредност но не се валидни за казна или судска постапка и служат само како индикатор.

Дозволени нивоа во Македонија според Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина и Законот за заштита од бучава во животната средина зависат од степенот на заштита на подрачјето и периодот од денот:

Плажите и туристичките зони во Охрид спаѓаат во I степен на звучни зони.

За јавни настани/концерти има посебни граници (до 85 dB(A) еквивалентно, макс. 110 dB(A)) но тоа не важи за дневните настани.

Одговорни за мерење и за поднесување пријави се општински инспектори за животна средина во општина Охрид + акредитирана лабораторија.

Граѓаните можат да пријават и до Државниот инспекторат за животна средина или МВР за нарушување на јавниот ред и мир).
Во минатото на охридските плажи биле измерени вредности и над 80–90 dB(A), по што биле издавани опомени, мандатни казни и прекршочни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top