Македонија

Сестрата на младиот покоен македонски бизнисмен се врати на местото на трагедијата

Драгана Чифлиганец се врати на патеката каде загина Душко и проговори за болката за која никогаш не можела ни да помисли дека ќе ја доживее

Eдна година по трагичната смрт на Душко Чифлиганец, неговата сестра Драгана Чифлиганец се врати на патеката каде што го загуби својот брат и сподели емотивна порака што допре многумина.

Наместо празничен ден, за семејството Чифлиганец 3 Август останува ден на болка и сеќавање.

„Празнина како вулканска дупка. Болка за која никогаш не можев ни да помислам дека ќе ја доживеам. Наместо празник – тага до крајот на животот. Помина една година, а болката не стивнува, само е поголема од ден на ден. Недостигаш во секој ден, во секој здив и во секој момент. Те сакам бескрајно. #tomandjerryforever“, напиша Драгана Чифлиганец.

Душко Чифлиганец трагично го загуби животот на 3 август минатата година во Чешка. Тој беше дел од раководните структури на „Адора“. Беше талентиран. Млад бизнисмен и познат како љубител на автомобили и мотори. Има добиено и бројни престижни признанија за брзински мотоциклизам.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

(Видео): Ребалансот е поради лошото менаџирање на економијата, вели Филипче

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на истото ниво.

(Видео): Владата најавува нов ребаланс до крајот на месецов – Од каде ќе се крати?!

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

To top